Џонсон контролс отвора нова фабрика во Штип

Bez autora
Sep 04 2011

Американскиот гигант за производство на автомобилски делови "Џонсон контролс", ќе инвестира 20 милиони евра за изградба на фабрика за тапацир за автомобилски седишта во Технолошко-индустриската зона кај Штип. Договорите треба да се потпишат за две до три недели, а изградбата ќе почне на средината на наредниот месец. Менаџерот на проектот на "Џонсон контролс" во Македонија, Стивен Мејлеманс, вчера беше примен од премиерот Никола Груевски, кој по средбата нагласи дека одлуката на компанијата по втор пат да инвестира во Македонија е потврда за добрите услови за бизнис во нашата земја. Посебно е важно што оваа компанија, која е мултинационална, многу позната во светот, вторпат се одлучува да инвестира во Македонија. Меѓународните инвеститори, што набљудуваат и размислуваат за некоја инвестиција, веднаш ќе го забележат тоа. Кога некоја компанија вторпат одлучува да инвестира во истата земја тоа значи дека е задоволна од првата инвестиција, дека е задоволна од условите, од комуникацијата со властите, од сите останати параметри кои и се потребни да инвестираат и да има добар бизнис и добра бизнис-средина.

Џонсон контролс отвора нова фабрика во ШтипАмериканскиот гигант за производство на автомобилски делови "Џонсон контролс", ќе инвестира 20 милиони евра за изградба на фабрика за тапацир за автомобилски седишта во Технолошко-индустриската зона кај Штип.

Договорите треба да се потпишат за две до три недели, а изградбата ќе почне на средината на наредниот месец.

Менаџерот на проектот на "Џонсон контролс" во Македонија, Стивен Мејлеманс, вчера беше примен од премиерот Никола Груевски, кој по средбата нагласи дека одлуката на компанијата по втор пат да инвестира во Македонија е потврда за добрите услови за бизнис во нашата земја.

- Посебно е важно што оваа компанија, која е мултинационална, многу позната во светот, вторпат се одлучува да инвестира во Македонија. Меѓународните инвеститори, што набљудуваат и размислуваат за некоја инвестиција, веднаш ќе го забележат тоа. Кога некоја компанија вторпат одлучува да инвестира во истата земја тоа значи дека е задоволна од првата инвестиција, дека е задоволна од условите, од комуникацијата со властите, од сите останати параметри кои и се потребни да инвестираат и да има добар бизнис и добра бизнис-средина. Оваа фабрика, освен што ќе отвори нови работни места, ќе придонесува значително и во македонскиот извоз и секако ќе значи на еден начин подобрување на состојбата на граѓаните во регионот каде ќе биде стационирана - изјави Груевски.

Одлуката на "Џонсон контролс" по втор пат да инвестира, Груевски ја гледа и на "некој начин како валоризација на напорите што ги прави Владата во последните години за подобрување на условите за правење бизнис во Македонија и привлекување инвеститори".

- Во 2007 и 2008 година, почна еден сериозен инвестициски бран и многу компании веќе почнаа да градат или резервираа простор за градење со потпишување меморандум за соработка. За жал, светската економска криза го стопираше тоа и повеќе од нив ги откажаа претходните резервации на плацеви за градба. Имавме 2,5 години застој во кој најголемиот дел од мултинационалните компании не градеа никаде, па ниту во Македонија. Сега со омекнувањето на светската економска криза доаѓа повторно нов бран на интерес за градење нови производствени капацитети, меѓу кои и во Македонија - рече премиерот Груевски.

Во последниот 1,5 месец по изборите ова е четврта по ред странска компанија која донесува одлука и објавува градба во Македонија. Груевски посочи дека Владата ќе вложи напор да се завршат сите претходни активности, за да се овозможи компанијата кон средината на октомври да ја почне изградбата на фабриката во Штип.

Менаџерот Мајлеманс рече дека Македонија е избрана за бизнис-дестинација, бидејќи таа е конкурентна, а дека влијание имало и нивното позитивно постојно корпоративно искуство и пред се поради поддршката и професионалноста што ја добиле од институциите во текот на анализите.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik